
Свадба
Оделото за најважниот ден
За младоженецот, кумот и секој гостин што сака да изгледа беспрекорно на фотографиите.
Ќе се гледа на фотографиите со години
Свадбеното одело се облекува еден ден, а се гледа цел живот на фотографиите. Затоа го избираме внимателно: крој што стои добро, боја што оди со денот и детали што го прават изгледот целосен.
Младоженците најчесто бираат одело со елек во крем, светло сиво или тегет, или црн смокинг за вечерна свадба. За кумот предлагаме одело што оди со младоженецот, а не се натпреварува со него. Мерката ја земаме во бутикот, а скратувањето е вклучено во цената.
Од бутикот
Омилени за свадба
Вклучено во цената
Мерка и скратување, без доплата
Оделото го пробувате во бутикот, ви земаме мерка и го скратуваме за да ви стои како што треба. Тоа е вклучено во цената: квалитетни одела по нормални цени, подготвени за облекување.
Совети
Совети за свадбеното одело
Прво младоженецот
Прво се избира оделото на младоженецот, па на кумот и браќата, за сите да бидат во склад.
Според годишното време
За летна свадба посветли тонови како крем и светло сиво; за зимска и вечерна, потемни бои и смокинг.
Деталите во тон
Вратоврската или папионката и марамчето може да се усогласат со букетот или со боите на свадбата.
Прашања
Често поставувани прашања
Колку пред свадбата да дојде младоженецот?
Најдобро еден до два месеци порано, за да има време за избор, проба и скратување без брзање.
Може ли младоженецот и кумот да дојдат заедно?
Секако, така е и најлесно да се усогласат оделата. Јавете се пред да дојдете и ќе ги подготвиме моделите.
Дали скратувањето се плаќа посебно?
Не. Ви земаме мерка во бутикот и го скратуваме оделото, а тоа е вклучено во цената.
Имате ли смокинзи?
Да: црн смокинг со сатенски ревер и папионка, како и одела со елек во повеќе бои.
Доаѓате од друг град?
Ако доаѓате од Битола, Кичево, Крушево, Македонски Брод и Велес, јавете се пред да тргнете и ќе ги подготвиме моделите во вашата големина.
Други пригоди
Ви претстои свадба?
Јавете се и кажете ни го датумот; ќе ви предложиме модели за младоженецот и кумот.